Џихадистите од ИД нападнаа премин на сириско-турската граница

Од:

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска извршија артилериски напад врз премин на границата меѓу Сирија и Турција, во рамки на офанзивата за освјување на стратешки важниот сириски град Кобане, каде мнозинството од жителите се Курди.

Како што информира локалниот претставник на сириските Курди, Идрис Насан, џихадистите се обидуваат да го прземат граничниот премин со цел да ги опколат курдските борци во Кобане и да спречат пристигнување помош во градот.

Нападот врз граничниот премин го потврди и Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, кој информира дека џихадистите бомбардирале повеќе делови на Кобане.

Според Центарот, во борбите кај Кобане досега загинале над 500 лица.

ИД ја започна офанзивата во реонот на Кобане кон средината на септември, а на почетокот на неделава џихадиситчките борци навлегоа во делови на градот. Напредувањето на исламистите беше успорно со интензивирањето на воздушните напади на коалициските сили предводени од САД, врз позициитте на ИД во околината на Кобане.

Неофицијално се тврди дека џихадистите веќе контролираат една третина од Кобане, но според Насан таквите информации се неточни.

– Можам да потврдам дека не контролрираат третина од градот. Само мал дел од Кобане е под контрола на ИД, нагласи Насан.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски