Џихадистите од ИД јавно погубија ирачка активистка

Од:

Џихадистите од групата Исламска држава јавно погубија активистака за заштита на човековите права во Ирак, која на импровизиран судски процес ја прогласиле за виновна под обвинение за отстапување од верата, соопштија извори од Мисијата на ОН во земјата.

Самира Салих ал Најми на 17 септември била грабната од нејзиниот дом во Мосул, откако на Фејсбук објавила критички информации за уништувањето на местата за молитва од страна на исламистичката група во северниот ирачки град.

Најми работела за поддршката на правата на затворениците и сиромашните.

Исламската држава во јуни го зазеде Мосул, кој е вториот по бројноста на житеки град во Ирак. Екстремистичката група во регионите под нејзина контрола во Сирија и Ирак наметна спроведување на строга верзија на исламското право – шеријатот. 

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак