Џихадистите ќе бидат протерани од Блискиот исток, а ново седиште ќе направат на Балканот

Од:

Блиц – Белград

Исламската држава е во многу подредена положба на Блискиот исток, благодарение на акциите на Русија и сириската војска во Сирија, како и ирачките војски и коалиции на чело со САД во Ирак. Ако бидат протерани од таа територија, џихадистите ќе се преориентираат на Европа, каде многу лесно можат да направат нова база. Идеална локација за тоа ќе биде Босна и Херцеговина, смета експертот за антитероризам Џевад Галијашевиќ.

– Босна и Херцеговина е идеална последна база на сунитските терористи. Тоа е земја во која исламистичка инфраструктура постои над три децении. Тоа што е најлошо, не постои ни една пречка да се случи такво нешто. Пропагандата на радикалните идеи и финансиската поддршка која ја добиваат екстремистите непречно продолжува. Се купува оружје, а некои терористи дури имаат и сопствени банки – изјави Галијашевиќ за „Спутник интернационал”, а пренесе „Дејли меил”.

Од друга страна, не треба да се заборави ни Косово. Еднострано отцепената српска покраина веќе подолго време е легло на тероризам и претставува еден од најпродуктивните полигони за екстремистите во овој дел на Европа.

Неодамна австриската антитерористичка единица го уапси имамот по име Неџад Балкан, човек кој се смета за најопасен босански екстремист. Имал свои операции во Германија и Швајцарија, а неговото апсење, според ставот на Галијашевиќ, претставува уште еден доказ дека од малата балканска држава доаѓаат опасни екстремисти.

Она што е уште полошо, фактот дека е уапсен во земја на ЕУ е показател дека Австрија нема со скрстени раце да го чека новиот бран на бегалци, туку ќе ги затвори своите граници и со тоа ќе ги натера да останат во Србија (бидејќи се претпоставува дека Хрватска и Словенија ќе го направат истото).

– Виена е позната како седиште на џихадистите и исламските фундаменталисти, од кои многу доаѓаат од Босна. Неџад Балкан е познат како експерт во интерпретација на исламски религиски текстови, посебно тие за пророкот Ибрахим. Го основал проектот „Ибрахим Милети”. Пред неколку години германската полиција спровела голема акција за апсење на вахаби поврзани со тој проект. тој е најрадикален исламист поврзан со БиХ и Виена – истакна Галијашевиќ.

Сакаа да основаат ИСИС во Австрија

Во акција на австриската полиција уапсени се 14 лица. Се сомнева дека оваа акција е продолжеток на разбивање на мрежата која ја основа Мирсад Омеровиќ наречен Ебу Тејма. Омеровиќ на судот во Австрија лани е осуден на 20 години затвор, бидејќи регрутирал млади луѓе за одење во Сирија. Омеровиќ е токму и еден од учениците на Неџад Балкан.

– Меѓу уапсените се пет државјани на БиХ и уште две лица на кои во БиХ им е поништен матичниот број, што значи дека најверојатно се откажале од нашето државјанство – истакна нашиот извор.

Сите лица кои се проверувани во БиХ се припадници на вахабистичкото движење и за нивната „работа” се запознати и безбедносните агенции во нашата земја. Безбедносните агенции од БиХ подолго време соработуваа со колегите од Австрија околу оваа акција.

Во текот на истрагата инспекторите дојдоа до информации дека уапсените членови на исламистичко-вахабистичката мрежа планирале во Австрија да воспостават еден вид на исламска држава, откри неодамна „Еуро Блиц”.

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфгант Соботка по акцијата изјави дека успеале да ги спречат кривичните дела, како и понатамошната радикализација.

– Радикалниот исламизам и вахабизмот не смеат да имаат место во Австрија. Ќе се бориме со сите средства против тоа. Во оваа акција претресени се 16 станови и две исламски здруженија.

Уапсени се 11 мажи и 3 жени, а тројца уапсени се вахабистички проповедници – рече Соботка.

Поранешен кик-боксер

Неџад Балкан е поранешен кик-боксер од Тутин. Организирал неколку вахабиски џемати на подрачјето на Виена и активно е вклучен во основањето на една радикална групација во Германија, поради која тие кренаа околу 1.300 полицајци на нога и им го забранија нивното дејствување.

Воедно и најрадикален имам од овие простори на подрачјето на Западна Европа. Се работи за многу опасно лице со многу радикални следбеници. Има многу силни врски со Маоча, Дубница и други вахабистички заедници во БиХ.

Неџад Балкан стои зад интернет порталот „Вести од уметот” кој шири пропаганда и закани од Исламската држава.
Таа веб страна по масакрот во Париз, најави дека на Балканот, поточно во Босна, терористите „ќе симнуваат глави од рамена”.

Неџад, чија мајка е православна Србинка, потекнува од босанското семејство Кучевиќ кое во 60-тите години се преселило во Турција, каде го промениле презимето во Балкан. Дедото Бајрам подоцна се вратил во Тутин, додека таткото на Неџад, Фарук и чичковците заминале во Австрија и Германија, каде станале успешни деловни луѓе.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска