Џихадистите-Британци не се закана за Велика Британија, тврди поранешен директор на МИ6

Од:

Поранешниот директор на британската разузнавачка агенција МИ6, Ричард Дирлав изјави денеска дека џихадистите – Британци кои се враќаат од фронтовите во Сирија и Ирак не се закана за внатрешната безбедност на Велика Британија.

Дирлав смета дека честите предупредувања за заканата што тие ја носат, враќајќи се дома од фронтовите на кои војувале, се „изнасилени и предимензионирани“ од владата од британските медиуми.

Тој предупредува дека големиот публицитет што им се дава на британските џихадисти „повратници“ од фронтовите на Блискиот Исток, може само да ги „охрабри нивните радикални фантазии“ и на тој начин да ги направи поопасни.

Овој поранешен директор на МИ6 смета дека „патетичните закани“ за тоа дека ќе тече крв по улиците, што се слушаат од снимените видео изјави, би требало да се игнорираат.

Според Дирлав, продолжува да му се дава преголемо значење и предност на контра-тероризмот, што е последица на терористичките напади од 11 септември 2001 година, наместо приоритетот на безбедносните агенции да се насочи кон „посериозните закани“ што доаѓаат од Русија и од Кина,како и од се порастечкиот популизам низ Европа.

– Учеството во борбите во Сирија или сега во Ирак треба да се земе како работа на муслиманите, вели Дирлав, забележувајќи дека сите би требало да се запрашаат зошто британските муслимани кои имаат намера да извршат напад врз Велика Британија не би одбрале некое многу побезбедно место за обука и за тренинг, од британската територија.

Ричард Дирлав одржа предавање во угледниот лондонски Институт за безбедност и воени прашања РУСИ. Тој го осуди однесувањето на весниците и на телевизијата, затоа што секојдневно од исламистите и џихадистите прават „славни личности“. Овој поранешен директор на МИ6 смета дека на тој начин само се охрабруваат и други да настојуваат да добијат таков статус во јавноста.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство