Џихадисти поврзани со терористичката група Исламска држава (ИД) упаднаа во училиште во градот Пигчавајан во јужниот дел на Филипините, при што како заложници задржаа дел од учениците.
По интервенција на филипинските безбедносни сили дојде до престрелка со терористите, изјави полицискиот началник на Пигчавајан.
Екстремистите од исламистичката група Мауте, која е поврзана со ИД, и претходно вршеа напади врз јавни објекти во областа.