Џихадисти убија петмина египетски полицајци при напад на Синајскиот Полуостров

Од:

– Најмалку петмина египетски полицајци се убиени во вооружен напад северно од Ариш -главниот град на немирната египетска провинција Синај, јави ДПА, цитирајќи соопштение на Министерството за внатрешни работи на земјата, поставено на нивната страница на Фејсбук.

Меѓу жртвите има и тројца офицери. Други петмина полицајци се повредени во нападот извршен доцна синоќа.

Полициски единици ја опколија областа на нападот и почнаа потрага по напаѓачите.

За претходните слични напади во Синај одговорност преземаше локалниот огранок на „Исламска држава”. Екстремистите нагло ја засилија терористичката дејност таму откако војската го собори од власт претседателот исламист Мохамед Мурси, во текот на летото на 2013 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува