Џихадисти изгубиле 96% од териториите во Ирак и Сирија, кои ги зазедоа пред три години

Од:

Како резултат на последните воени порази, терористичката група „Исламска држава“ протерана е од над 96 проценти од териториите кои ги контролираше во Ирак и Сирија по офанзивата во 2014 година

„Уништени се плановите за создавање исламски „калифат”, преку прекројување на граници на земјите од Блискиот Исток“, коментираат денеска американските медиуми.

Во моментов, џихадисти се борат за последното парче земја, кое им преостана во Сирија, и за мал пустински регион во Ирак долж границата со Сирија. Само пред три година тие фактички ја избришаа оваа граница, отстранувајжи ги и ознаките.

Оттогаш, тие постепено губеа инфраструктура, ресурси, траси за набавка и контролата над осум милиони лица,, а најмногу – административна контрола над блиску соседни територии.

ИД сепак може уште неколку месеци да се покаже како сериозен проблем, преминувајќи кон партизанска борба.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад