Џереми Корбин смета дека убиството на Бин Ладен било „трагедија“

Од:

Левичарскиот кандидат за нов лидер на британската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави во Лондон дека убиството на Осама Бин Ладен, од американските специјалци, претставува „трагедија“ затоа што наместо што бил застрелан, водачот на Ал Каеда требало да биде изведен на судење.

Во интервју за иранската телевизија „Прес“ која е финансирана од властите во Техеран и емитува програма на англиски јазик, Корбин ги изедначил убиството на Бин Ладен, со нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк и војните во Авганистан и Ирак.

Според Корбин, решението за Осама и за Ал Каеда требало да биде правно, а не воено.

– Во случајот на Осама Бин Ладен станува збор за атентат, а тоа е уште една трагедија по другите кои се случија, рекол Корбин за иранската тв „Прес„.

Изјавата на најверојатниот нов лидер на бритаските опозициски лабуристи, предизвика ново бранување во домашната политичка јавност и осуда од сите партии.

Министерт за одбрана во владата во сенка на лабуристите, Кевин Џонс ги осуди изјавите на Корбин.

– Ова само покажува колку тој (Корбин) е далеку од позициите и ставовите на мнозинството Британци, изјави Џонс.

Претставник на владејачките ториевци оцени дека е неодржливо (идниот лидер на опозицијата) да го споредува убиството на Бин Ладен со терористичките напади во Њујорк, порачувајќи му на Коробин дека водачот на Ал Каеда едноставно беше терорист.

Изборниот штаб на Корбин се обиде да ја поправи „штетата“ во домашната јавност, тврдејќи дека тој е „целосно против Ал Каеда“.

Убедливата предност што кандидатот на крајната левица во Лабуристичката партија за нов лидер ја има пред другите тројца лабуристи, направи од Џереми Корбин популарен соговорник кај иранските, руските и кај медиумите на земјите кои во Лондон, обично, се означуваат како антизападни и антиамерикански и кои сакаат да слушнат критики на политиката на Западот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство