Џереми Корбин: Лабуристите ќе поддржат нов референдум за брегзит

Од:

Официјален став на Лабуристичката партија е дека ќе поддржи уште еден референдум за останување на Велика Британија откако алтернативниот план за брегзит на претседателот на таа партија, Џереми Корбин, повторно беше отфрлен пред Долниот дом на Парламентот на Велика Британија. Сепак, лидерот на Лабуристичката партија рече дека ќе продолжи да инсистира на „други достапни опции“, а не исклучи ни распишување парламентарни избори.

Лидерот од сенка Џон Мекдонел изјави дека партијата ќе поднесе свои амандмани во врска со одржување на референдум, кога ќе се врати предлогот на Тереза Меј за Брегзит во парламентот. Тој најави, дека на евентуалниот нов референдум, ќе гласа за останување на Велика Британија во ЕУ.

Од друга страна, британскиот министер за брегзит Стивен Баркли изјави дека во претставничкиот дом нема консензус за спроведување втор референдум за Брегзит.

– Мислам дека нема консензус, ниту за втор референдум, ниту за прашањето на евентуалниот втор референдум, изјави тој.

Британската премиерка Тереза Меј доби уште две недели за преговори со ЕУ за брегзит и шанса да се одложи напуштањето на Европската унија, откако пратениците во Вестминстер ја поддржаа нејзината нова стратегија со која се предвидува Парламентот да може да решава за одложување на истапувањето на Велика Британија од Унијата.

Долниот дом на британскиот Парламент денеска со 502 гласа „за“ и 20 „против“ го поддржа амандманот со кој Меј ќе може да предложи уште еднаш гласање во Парламентот за Договорот за напуштање на ЕУ најдоцна до 12 март.

Ако пратениците одново го отфрлат Договорот, Меј тогаш ќе може да поднесе предлог за одложување на брегзитот за по 29 март.

Гласањето во Парламентот беше симболично со цел пратениците да се осигураат дека Владата нема да се откаже од ветувањето дека пратениците ќе го имаат конечниот збор за брегзит.

Пратениците во исто време ги одбија предлозите на Шкотската национална партија (СНП) за оневозможување на брегзит без договор, како и на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кој предвидуваше заедничка царинска политика и тесни врски меѓу Велика Британија и ЕУ и по истапувањето на земјата од Унијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска