Џентилони: Подготвен сум за разговори за поголема автономија на Венето и Ломбардија

Од:

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони изјави дека е подготвен за разговори во рамки на законите и Уставот со претседателите на Венето и на Ломбардија за поголема автономија на тие две области по референдумот одржан пред два дена.

– Владата е подготвена за средба за прашања на автономијата. Да се водат дискусии е добро за државата. Тоа ќе биде комплексна дискусија, но ние сме подготвени да ја водиме во рамки на законот и Уставот, изјави Џентилони денеска при посета на Венето.

Тој смета дека нема потреба за нови општествени несогласувања. – Треба да ги надминеме оние што ја почнаа кризата, изјави премиерот Џентилони.

Повеќе од 95 отсто од жителите на Венето и Ломбардија на референдумот се изјаснија за поголема автономија. Двете области обезбедуваат околу 30 отсто од бруто домашниот производ на државата.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он