Џек Ма официјално се пензионира

Од:

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба.

Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари. Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Алибаба.

Ма во 2014 година ја формираше Џек Ма фондацијата, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио