Џавид: Во случај на Брегзит без договор ќе се врати бесцаринската трговија

Од:

Во случај на Брегзит без договор, оние што патуваат од Велика Британија кон земјите во ЕУ ќе можат да купат бесцарински работи, што значи враќање на бесцаринската трговијата, објави британското Министерство за финансии.

– Патниците во ЕУ ќе можат да купат пиво, алкохол, вино и цигари без царини што се применуваат во Велика Британија, се вели во соопштението на Министерството.

Таа одлука, објавена од министерот за финансии Саид Џавид, значи, на пример, дека едно шише вино купено во продавницата без царина на лондонскиот аеродром Хитроу ќе биде поевтино за 2,5 евра, соопшти Министерството.

Патниците кои ја напуштаат ЕУ ќе продолжат да можат да купуваат и носат алкохол и цигари во Велика Британија неограничено под услов да платат царина, се додава во соопштението.

Укинувањето на бесцаринската трговија во рамките на ЕУ, за кое е донесена одлука во 1991 година, стапи во сила во 1999 година.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година