Џакарта изненадена од откажаната посета на австралискиот премиер

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот, неочекувано, ја откажа посетата на Индонезија.

Абот ноќеска по полноќ му се јавил лично на претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудјоно, оправдувајќи го откажувањето на посетата, поради обврски поврзани со донесувањето на австралискиот буџет.

Посетата на австралискиот премиер требаше да придонесе за смалување на тензиите меѓу Џакарта и Канбера, предизвикани од индонезиското незадоволство поради интервенции на австралиската Воена морнарица во водите на Индонезија и аферата поради австралиското прислушување на телефонските разговори на индонезискиот претседател откриена минатиот месец.

Долгорочно, билатералните односи меѓу Индонезија и Австралија биле повеќе затегнати од нормални.

Во последно време дипломатите на двете земји интензивно преговараа за можностите за нормализација на односите, но тврдата австралиска политика за протерување на индонезиските бродови што превезуваат илегални емигранти кон Австралија, почна повторно да ги заладува релациите.

Провладиниот „Џакарта пост“ во денешното онлајн издание ја пренесува изјавата на портпаролот на австралиската Влада во сенка, во која се бара Абот да и каже на јавноста зошто нема да патува во Индонезија.

Опозициските лабуристи додаваат дека Индонезија е важен сосед на петтиот континент и дека сегашната Влада треба да направи многу повеќе за да се оправда пред Индонезијците.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски