Двојно зголемен бројот на загинати полицајци во Авганистан

Од:

Бројот на загинати полицајци во Авганистан е двојно зголемен годинава, откако НАТО ја предаде одговорноста за безбедноста во земјата на локалните сили и најави целосно повлекување до крајот на 2014 година.

Речиси 12 години по воената интервенција на коалициските сили во Авганистан, голем дел од територијата се уште е под контрола на талибанците и авганистанските сили за безбедност во голема мера се потпираат на поддршката од воздух на странските сили.

Возилата на локалните безбедносни сили претставуваат лесна цел за бомбашки напади од талибанците.

Авганистанската влада досега не го објавуваше брјот на жртвите меѓу локалните сили, но новиот авганистански министер за внатрешни работи Имер Дауџај изјави дека од март досега животот го загубиле 1.792 полицајци, во најголем дел до експлозии на бомби.

Големиот број жртви меѓу полицајците го отвора прашањето за способноста на авганистанската Влада да се бори против талибанците по целосното повлекување на странските војници од Авганистан кон крајот на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан