Две жртви во престрелка пред дискотека во Лил

Од:

Две лица се убиени, а пет повредени, од кои едно е во критична ситуација во една дискотека во Лил, јави дописникот на МИА од Париз.

Инцидентот се случи во текот на раните утрински часови околу тричасот, кога на две лица не им било дозволено да влезат во дискотеката. Лути на оваа одлука, тие се заканиле дека повторно ќе се вратат.

Неколку мунути подоцна, едниот од нив се вратил вооружен со калашников и стрелал врз вратарот, а потоа влегол во дискотеката и продлжил да стрела врз вработените и гостите. Напаѓачот стрелал врз сите во дисоктеката не правејќи разлика меѓу вработените и гостите.

По нападот тој успеал да побегне, но неговиот иденитет и е познат на полицијата која активно го бара.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски