Две лица загинаа кога пикап влета во пешаци во Канада

Од:

Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап влета во пешаци во Амквај, Квебек, Канада.

38-годишниот возач, жител, е уапсен откако и се предал на полицијата.

Инспекторите се уште се обидуваат да утврдат дали инцидентот бил намерен напад или несреќен случај, јавува Би-Би-Си.

Според последните информации, загинале двајца мажи на возраст од околу 60 и 70 години, а меѓу повредените има и деца.

Локалниот весник Девоар ги пренесува зборовите на еден од очевидците дека видел како камионот забрзува додека се приближува до пешаците на тротоарот.

Портпаролката на полицијата во Квебек рече дека сè укажува на изолиран инцидент.

„Веќе нема никаква опасност во областа и има само еден осомничен“, рече таа.

Премиерот на Квебек Франсоа Лего го опиша инцидентот како „шокантен“, додека канадскиот премиер Џастин Трудо напиша на Твитер дека неговото срце е со луѓето од Амки.

Би можело да ве интересира

CBS: 11 мртви, повеќе од 300.000 евакуирани во пожарите во Лос Анџелес

Трудо поднесе оставка

Русија: Соборен е украински Су-27, загинаа повеќе од 580 украински војници

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени