Две лица убиени во градинка во Канада

Од:

Две лица загинаа во една канадска градинка, но ниту едно од 53 деца кои се наоѓале внатре не е повредено.

Инцидентот се случил во Квебек и според првичните информации станува збор за двојка која неодамна се разделила.

Полицијата во градот Гатино вчера добила повик дека во градинката се наоѓа човек со пушка сачмарка. Кога полициските сили пристигнале на самото место, во една од просториите на градинката пронашле мртво тело на маж, покрај кој се наоѓала пушка и уште еден вработен во градинката, кој исто така не давал знаци на живот.

Шефот на полицијата Марио Харел изјави дека пукањето веројатно е поврзано со неодамнешната разделба на оваа двојка, но не соопштил повеќе детали. Според него, децата во ниеден момент не биле загрозени, бидејќи биле во друга просторија за време на злосторството. Полицијата не ја отфрли можноста дека некои од децата можеби биле сведоци на убиството.

САД и Канада се уште стравуваат откако во декември минатата година во училиште во Конектикат беа убиени 20 деца и шестмина наставници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски