Две експлозии одекнаа во Холандија, нема повредени

Од:

Две експлозии одекнаа во Холандија. Една од експлозиите се случи во ресторан, каде вчераутро бил пронајден сомнителен пакет и по налог на градските власти објектот е затворен две недели.

Според извештаите, тој пакет бил отстранет вчераутро, а не се знае каква била неговата содржина.

Отприлика во исто време се случила експлозија во соседната зграда.

Според полицијата нема повредени, а полицијата врши увид и ја опколи областа.

Еден од овие два објекти веќе доби предупредување од градските власти во 2021 година за загрозување на безбедноста на локалното население.

Полицијата соопшти дека истражува поврзаност меѓу двата случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс немал соучесници