Дванаест Британци уапсени поради трговија со дрога и оружје

Од:

Дванаесет Британци, меѓу кои и царински службеник, беа уапсени во Франција и Велика Британија под сомневање дека се вклучени во шверц со дрога и оружје, соопшти денеска британската Национална агенција за борба против криминалот.

Триесет и шест годишниот цариник бил уапсен во петокот од француската полиција во близина на Кале заедно со уште три лица. Полицијата заплени 11 парчиња огнено оружје – девет пиштоли и два револвера, шаржери, како и 34 килограми кокаин и седум килограми хероин.

Малку подоцна во рамки на истата операција, лондонската полиција уапси осум лица во Кент, југоисточна Англија. Шестмина од нив, на возраст од 18 до 40 години, се обвинети за заговор за внесување на оружје и дрога класа А (најопасните дроги како хероинот и кокаинот).

По приведувањето, двајца се ослободени во очекување на заклучоците на истрагата, која се води од британската агенција во соработка со француската полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски