Дванаесет лица загинаа при експлозија на бомба во Авганистан

Од:

Дванаесет луѓе загинаа, а најмалку петмина се повредени при експлозија на бомба во авганистанската провинција Газни, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Според податоците на локалната полиција, експлозивната направа била поставена под автомобил од свадбена колона. Повеќето од жртвите се жени и деца. На местото на инцидентот веднаш пристигнале медицински возила.

Полицијата предупреди дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Засега никој нема преземено одговорност за терористичкиот напад.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски