Дванаесет години затвор поради канибализам

Од:

Врховниот суд на руската автономна Република Јакутија ја укина претходно изречената условната казна и го осуди Алексеј Горуленко на 12 години затвор поради канибализам.

Горолуенко е прогласен за виновен за намерно нанесување на тешка телесна повреда што довела до смрт. но во пресудата го нема зборот канибализам.

Градскиот суд во Нерјунгри го осуди Горуленко на 3,5 години условно, а по жалбата на Обвинителството делото беше пренесено на Врховниот суд на Јакутија.

Во летото 2012 година Горуленко заедно со уште тројца мажи се изгубиле во шума. Кон крајот на ноември спасувачите го нашле само Горуленко и уште еден маж, а по неколку дена биле најдени и останките од третиот маж. Горуленко и другиот маж признале дека тој починал од глад, по што го изеле. Четвртиот маж се уште се води како исчезнат.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски