Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

Од:

Двајца цивили загинаа во рускиот напад врз украинскиот град Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видео објавено на социјалните мрежи, украинскиот претседател рече дека е во тек спасувачка операција на местото на несреќата.

– Веројатно има уште едно лице под урнатините, рече тој.

Зеленски информира дека во нападот биле оштетени и куќа и градинка.

– Русија синоќа ја нападна Украина, лансирајќи рекорден број ударни дронови – 188, кон нашиот народ. Сакам да им се заблагодарам на нашите бранители на небото што го одбија нападот. Околу 80 беспилотни летала беа соборени, а повеќе од 90 беа изгубени поради пореметување на локацијата. За жал, дојдоа до оштетување на нашата клучна инфраструктура, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека во секој од 188-те беспилотни летала има по 85 странски компоненти.

– Секоја од нив содржи 85 компоненти произведени од странство, вкупно речиси 16.000, без кои дроновите не би можеле да се покренат. Овие напади се можни само поради способноста на Русија да ги заобиколи санкциите преку различни шеми, рече украинскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски