Двајца загинати во пожар во пензионерски дом во Чешка

Од:

Во чешкиот град Прибор, во источниот дел на државата во пожар кој избувна во пензионерски дом, две лица загинале, а најмалку четворица се повредени, јави дописникот на МИА од Прага.

– Причините за пожарот се уште не ни се познати. Полицијата и пожарникарската служба се наоѓаат на местото на настанот, изјави полицискиот портпарол Петр Грес.

Според достапните информации, пожарот избувнал рано изутрината во еден од становите на домот, во кој е пронајден  мртов човек. Втората жртва, жена починала на патот до болница.

Би можело да ве интересира

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка