Двајца убиени при напад на талибанците врз суд во Авганистан

Од:

Две лица загинаа, а најмалку 31 се ранети денеска кога група талибанци нападнале судски комплекс во северниот авганистански град Мазар и Шариф.

Според полицикси извори, напаѓачите, кои биле облечени во униформи на авганистанската армија, упаднале во комплексот и почнале да пукаат од огнено оружје и да фрлаат бомби. При нападот е опожарена и една зграда од комплексот на судот.

Болнички извори соопштија дека неколкумина од ранетите при нападот се наоѓаат во критична состојба.

Западните медиуми наведуваат дека нападот доаѓа во пресрет на очекуваната пролетна офанзива на талибанците, во која авганистанските сили годинава првпат ќе се борат сами против бунтовниците без целосна поддршка на војниците на НАТО.

Насилството во Авганистан бележи пораст откако минатата година од земјата се повлекоа поголем дел од војниците на меѓународните сили.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица