Двајца Словенци бараат азил во Белорусија

Од:

Двајца словенечки државјани побарале азил во Белорусија, која важи за „последна диктатура во Европа“, откако се обиделе со чамец да преминат река која ја разделува Полска од оваа поранешна советска република.

Во соопштението на белоруските погранични власти се наведува дека станува збор за мајка и син, кои сакале тоа „да се случи што е можно побрзо и затоа ги одбегнале административните процедури“.

Кај нив биле пронајдени 5.000 евра, компјутер и монитор, неколку мобилни телефони и лични работи, се додава во соопштението.

Двајцата стигнале до полско-руската граница со автомобил, а потоа се качиле во чамец, со цел нелегално да ја преминат реката која ги разделува двете земји.

Причината за барање азил на мајката и синот засега не е позната. Белоруските власти изјавиле дека ја разгледуваат молбата и се обидуваат да го разјаснат случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он