Двајца се повредени во терористичкиот напад во Лондон, не се знае нивната состојба

Од:

Две лица се повредени во наводниот терористички напад во јужниот дел на Лондон, но засега не е позната нивната здравствена состојба, соопшти локалната полиција.

„Засега има информација за двајца повредени. Очекуваме повеќе детали за нивната состојба“, се наведува во полициското соопштение.

Попладнево околу 14 часот непознат маж избодел неколку менувачи во областа Стритхем, а веднаш потоа бил убиен од страна на полицијата. Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа, која ја надлетуваат хеликоптери.

Полицијата смета дека „инцидентот е поврзан со тероризам“.

„Се испитуваат околностите, инцидентот се третира како терористички напад“, соопшти полицијата на Твитер.

Британската Би-Би-Си објави дека очевидци споделиле на социјалните мрежи дека слушнале истрели. Некои тврдат дека напаѓачот носел нож и уред прикачен за облеката.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во врска со денешниот извршен напад во британскиот главен град, изјави дека „нема да им се дозволи на терористите да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот“, додавајќи дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт. Тој изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски