Еден ранет при престрелка во близина на виенскиот аеродром „Швехат“

Од:

Едно лице е рането попладнево при престрелка во близина на аеродромот „Швехат“ во близина на Виена, соопшти австриската полиција.

Како што јави ДПА, повредениот е градежен претприемач, кој бил застрелан во ногата од страна на две маскирани лици, кои по инцидентот со црна лимузина побегнале во правец кон австриско-словачката граница.

Инцидентот се случил на автопатот во близина на аеродромот. Повредениот 49-годишен австриски државјанин бил застрелан додека се враќал од словачкиот главен град Братислава.

Во првичните извештаи за инцидентот се говореше за двајца повредени и дека тој се случил на аеродромот „Швехат“. Портпаролката на австриската полиција соопшти дека не станува збор за терористички напад.

Мотивите за нападот врз австрискиот градежник засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски