Двајца повредени во пожар во авион во Лас Вегас

Од:

Две лица се полесно повредени кога пожар избувна во авион на компанијата „Бритиш Ервејс“ на аеродромот во американскиот град Лас Вегас.

Како што јавија американските медиуми, пожарот избувнал во време кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување.

Во време на инцидентот во леталото имало 159 патници и 13 членови на екипажот.

Авионот од типот „Боинг 777“ требало да полета на релација Лас Вегас – Лондон.

Според првичните резултати од истрагата, пожарот настанал поради самозапалување на еден од моторите на авионот.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска