Двајца њујоршки полицајци се ранети доцна синоќа во Бронкс, а во тек е потерата по најмалку двајца напаѓачи, соопштија локалните власти.
Ранетите полицајци се хоспитализирани и не се во животна опасност.
Полицајците на местото на настанот дошле на повик, по дојава за грабеж, по што било пукано кон нив.
Се верува дека кон нив било пукано од автомобил во движење. Истрагата за наводниот грабеж е во тек.