Двајца полицајци повредени пред канцеларијата на италијанскиот премиер

Од:

Двајца полицајци денеска се повредени во престрелката близу канцеларијата на италијанската влада, во моментот кога премиерот и членовите на кабинетот положуваа заклетва во претседателската палата, јави италијанската телевизија РАИ.

Едниот полицаец е повреден во пределот на вратот и е во тешка здравствена сотојба, а приведено е лицето кое ја започнало престрелката. Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со изборот на новата влада.

Во исто време, на само еден километар, умерениот левичар Енрико Лети официјално положи заклетва како иден претседател на коалициската влада на церемонија во претседателската палата.

italy_policemen_shot-632a.photoblog600

Лета синоќа соопшти дека Анџелино Алфано, генерален секретар на партијата на Берлускони „Народ на слободата“ ќе биде вицепремиер и министер за внатрешни работи во новиот кабинет.

Генералниот директор на Банката на Италија Фабрицио Сакомани ќе го предводи влијателното Министерство за економија и финансии. Поранешниот еврокомесар Ема Бонино ќе биде министер за надворешни работи.

Владата ќе положи свечена заклетва утре во 9.30 часот според Гринич. Се очекува в понеделник Лета да побара гласање за доверба од Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ