Двајца мртви во пукање во трговски центар во Флорида

Од:

Во пукотници во трговски центар воамериканскиот град Мелбурн, во централниот дел на Флорида, убиени се две лица, соопшти полицијата.

Винсент Прајс, од локалната полиција соопшти дека Хозе Гарсија Родригез (57) починал како последица на саморанување, а неговата сопруга Ида (33), која ја нападнал, е ранета и е сместена воболница

Пукотницата се одиграла во утринските часови кога во трговскиот центар имало стотина луѓе, а дел од нив ги отворале дуќанте.

„Се слушаа пукотници, кога полицијата пристигна на лице место“, вели Прајс.

Трговскиот е евакуиран, а некои од вработените се заклучиле во тоалетите кога слушнале пукање.

Во пукотниците убиен е и еден маж, чие име не е соопштено, а се уште не е јасно дали тој е поврзан со брачната двојка.

Градоначалничката на Мелбурн, Кети Мич Ен, за локалните медиуми вели дека пукотницата се случила по расправија меѓу жената, вработена во тргвскиот центар и нејзиниот сопруг, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак