Двајца команданти на Ал Каеда беа убиени во американски воздушни напади во Авганистан, соопштија денеска локалните власти, јави ДПА.
Пентагон вчера соопшти дека извршил воздушни напади врз Фарук ал Катани и Билал ал Утаби во провинцијата Кунар во неделата, но се уште се анализираат резултатите од нападот.
Извори во провинцијата сепак го потврдија извршувањето на нападите и смртта на Катани и Утаби.
– Тие убија двајца членови на Ал Каеда и шестмина пакистански талибанци, изјави претставник на локалните власти.
Авганистанското Министерство за одбрана исто така ги потврди нападите, но нема информации за резултатите.