Двајца кандидати за вториот круг на претседателските избори во Авганистан

Од:

Поранешните министри за надворепни работи, Абдула Абдула и Ашраф Гани ќе учествуваат во вториот круг на претседателските избори во Авганистан, што ќе се одржи на 14 јуни.

Во првиот круг што се одржа на 5 април, учествуваа осум кандидати, но ниту еден од нив не успеа да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

Изборната комисија соопшти дека Абдула освоил 45, додека неговиот протувкандидат Гани 31,6 отсто од гласовите на Авганистанците.

Некои од претседателските кандидати кој отпаднаа по првиот круг, најавија дека ќе побараат од своите гласачи да го поддржат Абдула, кој важи за фаворите во конечната разврска на изборите.

Изборниот процес трае повеќе од еден месец и тој се оддолжи поради бројните приговори и забелешки на кандидатите, поради што мораше да се пребројат десетици илјади гласачки ливчиња.

Изборниот штаб на Абдула соопшти дека не е задоволен од ваквата разврска и тврди дека тој сигурно ќе победел уште во првиот круг, доколку биле прифатени приговорите што тој ги дал до изборната комисија.

Двајцата кандидати се добро познати во домашната јавност, но како порашешни членови на Владата во Кабул и министри за надворешни работи, тие се познати и во светот.Кој и да победи и да го наследи досегашниот претседател Хамид Карзаи, ќе се соочи со бројни предизвици. Пред се, тоа се безбедносните проблеми, што може да се појавата, по повлекувањето на меѓународните сили до крајот на оваа година.

Остануваат силен предизвик за новиот претседател евентуалните преговори со талибанците, како и решавањето на силните развојно-социјални проблеми во земјата и совладувањето на раширената корупција.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски