Двајца градежни работници поради немарност станаа најсреќните луѓе во светот

Од:

Двајца градежни работници од немарност станаа најсреќните луѓе во светот. Имено, Ричард Мул (31) и Ник Биаџони (30) требале тој ден да работат во кранот во кој вчера се урна хеликотер, но на нивна голема среќа – заспале на работа.

– Колегата и јас сме требаше да бидеме таму во седум наутро, но задоцнивме. Да нагласам, тоа никогаш не ми се случило во три годни откако работам таму. Едноставно се разбудив подоцна. Наречете го тоа како сакате, среќа или божјо чудо. Седнав на мојот мотор и стасав таму 45 минути подоцна. Се наоѓав во подрумот и се подготвував да се качам во кранот, а тогаш се случи несреќата, рече Мул и додаде: – Не ја слушнав експлозијата. Истиот момент и се јавив на сопругата да и кажам дека сум добар.

– Заспал, а тоа никогаш не му се случуваше. За цела среќа, не беше во кранот, рече Лина Биаџони, сопругата на Ник.

Во секој случај, нивната со ништо предизвикана немарност им ги спаси животите.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство