Двајца членови на „Велика Британија на прво место“ приведени за ширење говор на омраза

Од:

Поради наводно ширење на говор на омраза денеска беа уапсени двајца лидери на британската десничарска група „Велика Британија на прво место“.

Пол Голдин и неговата заменичка Џајда Франсен биле задржани во притвор во Белфаст, под обвинение дека шират говор на омраза за време на собирот „Северна Ирска против тероризмот“, што се одржа во Белфаст во август. Франсен освен за тоа се терети и за објави на социјалните мрежи.

Минатиот месец, американскиот претседател Дондл Трамп сподели три видеа кои што Франсен ги имаше објавено на Твитер, на кои беше прикажано насилство, наводно извршено од муслимани.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј искоментира дека со преобјавувањето на видеата, Трамп направи погрешна работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски