Двајца британски муслимани осудени за терористички заговор

Од:

Двајца британски муслимани од Бирмингем се прогласени за виновни, затоа што биле дел од една терористичка ќелија која планирала самоубиствени бомбашки напади на територијата од Велика Британија.

Баходер Али и Мохамед Ризван во текот на судењето признаа дека биле ангажирани во подготовките за изведување терористички напади.

Во февруари годинава, братот на Али и уште други двајца биле осудени за планирање бомбашки напади. Шестмина други британски муслимани веќе ги признаа обвинувањата за подготвување терористички заговор.

Целата оваа група полицијата ја уапси во 2011 година откако британските разузнавачки агенции предупредија на постоењето неминовна закана од самоубиствени бомбачки акции на британска територија.

Според експертите од одделението за антитероризам во Скотланд јард, оваа група е најголемата и најсериозната закана за домашната безбедност по 2006 година и тогашниот терористички заговор за предизвикување бомбашки напади во патничките авиони на летовите од Велика Британија за САД и за Канада.

Сите планирани напади од оваа терористичка ќелија требало да бидат „вториот 11 септември“ по оној во Њујорк и Вашингтон, како и „одмазда за се она што им се прави на муслиманите“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство