Двајца припадници на американските единици во составот на меѓународната коалиција предводена од НАТО во Авганистан, загинаа во источниот дел од земјата, соопшти портпаролот на американскиот контигент во Исламската Република.
Како што се наведува во соопштението, војниците загинале при напад на талибанските бунтовници. Точната локација на која се одиграл нападот и други детали не се соопштени.
Од почетокот на 2012 година во Авганистан загинаа 296 американски војници, а од почетокот на интервенцијата на меѓународната коалиција во 2001 година во оваа земја убиени се повеќе од 2.100 Американци.