Дваесетта жртва на МЕРС во Јужна Кореја

Од:

Јужна Кореја денеска сопшти дека бројката на починати лица, заразени со вирусот МЕРС се искачи на 20.

Бројката на луѓе кај кои е утврдено дека се заразени со вирусот, кај нас познат и како Нилска треска, се искачи на 163, а во карантин денеска се 5.586 лица.

Поради овие алармантни бројки, се е поголем притисок на јавноста властите да го кренат степенот на тревога од сегашнот втор на четврт степен, по кој е петтиот степен тревога, поради војна.

Утврдено е дека најголем број на заразените биле во посета на болницата каде што на 26 мај беше регистриран и првиот смртен случај од вирусот МЕРС. Меѓу заболените се и 26 лица кои работат во болницата во Сеул, а возраста на починатите и заразените е од 30 до 74 години.

Со последните четири случаи кои завршија трагично се демантираше првичното мислење според кое МЕРС е со трагичен крај за луѓе кои веќе боледуваат од некоја болест, најчесто од срце или дијабетис. Од последните жртви кај двајца не била регистрирано никакво сериозно заболување.

Во Сеул треба да пристигне Маргарет Чан, генерален директор на Светската здравствена организација. Со неа ќе допатува и тим лекари кои експериментирале во обиди за наоѓање лек за оваа за сега неизлечива болест.

Здравствените власти во Сеул соопштија дека до денеска се потрошени 49 милиони долари неопходни за вонредните мерки за спречување и локализирање на болеста.

Весникот „Кореа Хералд“ денеска пишува дека се прават обиди со препарати од традиционалната медицина да и се стави крај на ширењето на опасната болест, а резултати може да се очекуваат за две недели.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски