Дваесет и осум милиони божиќни честитки во Шведска

Од:

Прогнозите на Шведските пошти покажуваат дека граѓаните годинава ќе испратат преку пошта околу 28 милиони божиќни и новогодишни честитки.

Приближно 70 отсто од домаќинствата во Шведска и понатаму испраќаат божиќни честитки до најблиските роднини и пријатели, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во 90-тите години количеството на божиќната пошта беше повеќе од двојно поголемо, но и покрај надолниот тренд во последните години Шведските пошти се задоволни со годинашниот резултат.

– Со 28 милиони божиќни честитки во Шведска уште еднаш добивме потврда дека своерачно напишаниот поздрав е многу повеќе личен отколку СМС-порака или порака на Фејсбук, вели генералниот директор Андерс Факенмарк во соопштението на Шведските пошти.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро