Речиси два милиони Британци во активна возраст ја напуштиле државата во изминатата деценија, што и наштетува на економијста и ги принудува работодавачите да бараат работници имигранти, предупреди висок претставник од Конзервативната партија.
Спротивно на стереотипите дека типичните британски емигранти се пензионери, кои претпочитаат да живеат на потопли места, се вели во статистички податоци изнесени од Ник де Бојс од таа партија, за десет години – до 2011 година, од Британија емигрирале речиси 3,6 милиони луѓе и околу два милиона од нив се на возраст меѓу 24 и 44 години. пензионерите биле само 125.000.
Пратеникот посочува дека актуелното политичко фокусирање на ограничување на имиграцијата значи дека не се води доволно сметка за последиците од емигрирањето.
– Владата треба да направи напори да ги задржи високообразованите кадри во државата, а не да внесува други, за да го пополни недостигот, вели Бојс.
Поголем дел од оние што ја нпуштаат Британија се вработуваат во фармацевтската, воздухопловната или инженерската струка во странство, додава Бојс.
Според анализа на МВР на Британија, од минатата година, речиси половината од емигрантите се Британци со висока професионална квалификација и менаџери на компании.
Официјални податоци од 2012 година укажуваат дека илјади Британци дипломирани на најдобри универзитети во Обединетото Кралство избираат да работат во странство. Според Дејли телеграф, речиси секој десетти Британец кој завршил престижен колеџ (Кембриџ, Дарам, Екситер и Оксфрод) нашол работа во странство.