Два американски бомбардери го надлетаа Корејскиот Полуостров

Од:

Два американски авиони-бомбардери од типот Б-1Б рано изутринава го надлетаа Корејскиот Поулостров, како одговор на последниот севернокорејски ракетен тест, извршен во петокот, соопшти Военото воздухопловство на САД.

Во соопштението се посочува дека летот на стратешките бомбардери претставува „директен одговор“ на последниот ракетен тест на Северна Кореја и на лансирањето на ракетата „Хвасонг-14“ на почетокот на месецов.

– Северна Кореја останува најголема закана за регионалната стабилност. Ако не предизвикуваат, ни сме подготвени да одговориме со брза, убиствена и огромна сила, изјави командантот на пацифичките сили на американското Воено взодухопловство, генерал Теренс О’Шонеси.

Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел. На лансирањето присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој изјави дека тоа претставува предупредување до САД дека нема да бидат безбедни доколкку се обидат да ја нападнат Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД