Дутерте бара САД да платат ако сакаат да ги задржат своите војници на Филипините

Од:

Претседателот на Филипините, Родриго Дуерте денеска изјави дека САД мора да платат ако сакаат да ги задржат своите војници што се наоѓаат во оваа азиска земја веќе две децении.

Претседателот, кој многумина го опишуваат како „страстен националист“, отворено се спротивстави на долгорочен сојуз со САД и еднострано го раскина воениот договор со Америка пред една година, откако Вашингтон одби да му издаде виза.

Дуерте во 2020 година, ја прекина билатералната соработка за размена на војници со САД.

Тој денеска им се обрати на филипинските војници.

– Би сакал да истакнам дека ако овде има американски агент, отсега ќе мора да плати. Да, ние ја делиме одговорноста, но тоа споделување на одговорноста не доаѓа бесплатно, на крајот на краиштата, кога ќе почне војна, сите плаќаме, рече Дуерте.

Со ова тој алудираше на интензивирање на воените активности на Вашингтон и Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Американската амбасада во Манила сè уште не ги коментираше неговите изјави.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати