Дунав во Словачка исфрли тела на брутално убиени луѓе

Од:

Реката Дунав, која тече низ словачкиот главен град, Братислава изминатите неколку денови на неколку пати исфрли човекови остатоци што предизвика паника и страв кај граѓаните, јави дописникот на МИА.

Според локалните медиуми, најпрво исплови тело на едно младо 21-годишно момче, кое потекнувало од градот и кое врз главата имало најлон кеса, а рацете му биле врзани одзади.

Подоцна, како што информираше полицијата, реката исфрлила делови од човечко тело, односно труп без глава и екстремитети, за кој се смета дека и припаѓаат на жена од 16-35-годишна возраст.

Полицијата не ја исклучува можноста трупот да бил донесен од водата од Австрија или Чешка. Иако телата се најдени на неколку стотина метри оддалеченост, полицијата не потврди дека има поврзаност меѓу жртвите.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски