Кој ја контролира зоната на Арктикот го контролира целиот свет и има непроценлива предност на стратешкиот хоризонт, па оттука и интересот на САД за Гренланд и Канада. Ова е мислењето на рускиот филозоф, политиколог и социолог Александар Дугин.
– Тој што го контролира Арктикот го контролира целиот свет. Се разбира, затоа Америка е толку загрижена за Гренланд и Канада, бидејќи овие територии стануваат витални за суверенитетот во следната фаза. Ова е новиот закон на арктичката геополитика, кој, всушност, денес станува еден од најважните фактори во глобалната игра – изјави Дугин во емисијата „Ескалација на Александар Дугин“ на Радио Спутник.
Дугин нагласи дека верува оти државите кои ги контролираат арктичките зони ќе имаат „непроценлива предност на стратешкиот хоризонт“.
Згора на тоа, според Дугин, токму над Арктикот може да избие „вистинска војна“.
– Рускиот претседател Владимир Путин добро го знае тоа и затоа, според мене, им се обрати на земјите од Арктикот, кои во иднина ја имаат оваа географска предност, со предлог за соработка, со предлог прашањата да се решаваат по мирен пат – додаде филозофот.