Дуда: Полска од НАТО очекува реална помош за својата безбедност

Од:

Полска смета дека НАТО ќе донесе одлука за прошитување на своето воено присуство во земјата и дека ќе обезбеди реална поддршка за нејзината безбедност, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда, цитиран од ТАСС.

Дуда ова го изјави при посетата на штабот на Мултинационалниот корпус на НАТО „Североисток“ во полскиот град Шчечин.

-Во сегашната геополитичка ситуација присуството на Алијансата, најголемата воена сила во светот, е исклучително важно не само за Полска, туку и за цела Централна и Источна Европа. Пред ова, присуството беше симболично, но сега сите чувствува, особено во Полска, дека присуството на НАТО во нашиот регион треба да биде реално и активно да ја поддржи полската безбедност, забележа тој.

Дуда потсети на својата намера да се постигне проширување на присуството на Алијансата во неговата земја и да се создадат бази на НАТО во Полска.

-Оваа задача допрва претстои. Веруваме дека нашите политички партнери ќе постигнат спогодба со нас и присуството на НАТО во нашата земја ќе се прошири, рече полскиот претседател.

Анджеј Дуда денеска, исто така, го искритикува НАТО дека Полска ја третира како тампон зона меѓу Русија и Германија. Во интервју за денешниот број на британскиот весник „Фајненшел тајмс“ тој кажа дека военниот пакт има потреба од бази уште поистично, забележаа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он