Дуда: НАТО нема да се однесува кон Русија како што Москва ги третира соседите

Од:

Земјите-членки на НАТО можат да и гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина, изјави претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска во Берлин.

– Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да и го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите, истакна Дуда.

Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија.

Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.

– Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина, посочи Дуда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек