Дуда ги повика европските лидери да и помогнат на Украина

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда пред обраќањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Варшава, рече дека слободниот свет нема да се согласи со плановите на Русија да стане империја и да ги поробува народите и ги повика европските лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје.

„Претседателот Џозеф Бајден во Киев покажа дека слободниот свет не се плаши од ништо. Тоа е голем сигнал, сите сме заедно со Украина цело време, од самиот почеток. Сите мислевме дека Украина ќе падне за 72 часа. Благодарение на херојството на украинските војници, не падна до денес“, рече Дуда во говорот од градината на Кралскиот замок.

Полскиот претседател предупреди дека светот гледа вести и запалени градови, слуша страшни вести за рускиот терор.

„Русија повторно сака да стане империја, сака да ги поробува луѓето. Слободниот свет не се согласува со тоа“, рече Дуда и апелираше до сите европски лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски се сретна со Дуда

Ана Ололовска

Дуда: Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пржеводов единствено врз основа на меѓународното право

Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пендаровски во посета на Полска

Дуда: Можната употреба на нуклеарно оружје е очајнички и луд потег

Ана Ололовска

Дуда: Полска и Израел направија чекор кон нормализирање на односите