Државјанин на Египет- киднапер на египетскиот авион

Од:

Египетскиот државјанин Ибрахим Самаха е киднапер на авионот на авиокомпанијата „Иџиптер“, кој принудно слета изутринава во Кипар, јавија египетски медиуми.

Според кипарската телевизија тој ова можеби го сторил од лични мотиви, со оглед на тоа дека во Кипар живее неговата поранешна сопруга, пренесува БТА.

Киднаперот побарал азил во Кипар.

„Иџиптер“ на налогот на Твитер објави дека се ослободени сите патници со исклучок на четворица странци и членовите на екипажот, јави ДПА. Според медиумските извештаи сите странци се Европејци.

Авионот на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8:30 часот изутрината по локално време.

Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро и кусо по 8:20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери. Според кипарските медиуми киднаперите побарале од пилотите да го приземјат авионот во Ларнака.

Аеродромот во Ларнака е затворен и сите летови се пренасочуваат кон Пафос.

Според телевизијата Ал Арабија во авионот нема експлозивни направи. Претходно кипарски претставник изјави дека постои сомневање дека во авионот има бомба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува