Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Од:

Три лица се повредени, а повеќе станбени објекти оштетени во нападот со дронови извршен врз украинскиот пристаништен град Одеса, соопшти началникот на градската воена администрација, Серги Лисак.

Двајца од повредените се хоспитализирани. Во нападот биле погодени две повеќекатни станбени згради и еден објекти во центарот на градот. Пожарите што пламнале по нападите биле локализирани по брзата интервенција на противпожарните служби.

Според информациите, во нападите се оштетени 12 станбени згради во Примарскиот реон на Одеса, во Киевскиот дел е погодена 22-катна зграда за студентско домување, како и зграда во Хаџибејскиот реон.

Службите работат на отстранување на последиците од нападот.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он