Дриан: Белорусите заслужуваат подобро отколку да станат руски вазали

Од:

Белорусите заслужуваат подобро отколку да станат руски вазали, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан за време на состанокот со белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја во Париз, јави дописникот на МИА.

Белорусија и нејзиниот народ „заслужуваат подобро отколку да станат соучесници и вазали на бруталниот режим кој избра да води војна, без никакво оправдување, во центарот на Европа, спротивно на нашите вредности за слобода и демократија“, рече тој два дена, пред референдумот кој би можел да го потврди инсталирањето на руски нуклеарни ракети во оваа поранешна советска република.

-Овој проект за уставна ревизија ризикува да направи чекор назад, бидејќи предвидува укинување на принципот на неутралност и статусот на ненуклеарна држава на Белорусија, подвлече тој.

Минск, исто така, вели дека е подготвен „одржливо да ги пречека руските воени сили на својата територија“, истакна тој.

-Со нашите партнери ќе треба да ги извлечеме сите поуки од оваа ситуација во адаптацијата на одбранбената положба на НАТО, предупреди шефот на француската дипломатија. За време на патувањето во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ , наменети за спроведување на низа европски санкции против Русија, Жан-Ив Ле Дриан подвлече дека исто така ќе биде неопходно „во пакетот да се стави Белорусија“. , која е „сè повеќе прилепена држава со Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он